Левица: На Ќафасан стои празен јарбол, државното знаме истуткано и фрлено на земја

t

Левица регистрира скандал на граничниот премин Ќафасан.

„Празен јарбол, државното знаме истуткано и фрлено на земја – ваква е сликата во моментов на граничниот премин, Ќафасан“, велат од партијата Левица.

Додаваат дека по уредувањето на влезот и излезот во и од државата се проценува системот. Оттука, како што наведуваат, македонскиот е трул со самоуништување и непочит кон националните обележја. Од Левица велат дека државните симболи во континуитет се деградираат, со крајно непочитување и кршење на законите од страна на властите.

„Прекршен е член 19 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, според кој: „кога знамето е спуштено, ниеден негов дел не смее да го допира подот…” Знамето на сликиве не само што е фрлено на земја, туку е и извалкано со кал. Фотографиите ни ги пратија загрижени сограѓани, за кои, единствено, Левица е гласот на народот. Единствено, Левица се бори за националните интереси“, велат од партијата.

Левица апелира до техничкиот министер Панче Тошковски веднаш да реагира за ваквото кршење на законите и да утврди одговорност од лицата кои дозволиле вакво непочитување на државните симболи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ЈА ЗАОСТРУВААТ ПОМОРСКАТА БЛОКАДА НА ИРАН:…

Соединетите Американски Држави ја заоструваат контролата врз…

НАФТАТА ПОВТОРНО ЕКСПЛОДИРА: Брент над 116 долари…

Цената на суровата нафта од типот Брент…

Нови детали за двете убиства во Скопје

Четири лица се осомничени за двете убиства…

Син и мајка од радовишко село примиле…

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основно јавно обвинителство…

БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР РАДЕВ ЈА ОБВИНИ РОМАНИЈА ЗА…

Бугарскиот премиер Румен Радев упати сериозни обвинувања…