На 2 април е најавен протестен маратон кој ќе започне во 11 часот од Градскиот парк, а ќе заврши пред Владата

t

По повод денот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при УКИМ за на 2 април е најавен протестен маратон кој ќе започне во 11 часот од Градскиот парк, а ќе заврши пред Владата.

Како што соопштија оттаму, маратонот се одржува под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“. По неговото завршување, најавен е и протестен марш, со цел подигнување на свеста за подобрување на условите за студирање на студентите на ФИНКИ.

„Воедно ја известуваме јавноста дека ФИНКИ, во изминатиот период оствари повеќе средби со надлежните институции и се надева на позитивен исход и исполнување на дел од барањата кој ги поставивме на минатиот протест одржан пред владата на РСМ“, соопштија од Факултетот.

Инаку, пред точно десет дена, на булеварот пред Владата се одржа протестен перформанс, просторот се претвори во амфитеатар, се дискутираше и „држеше настава“. Присутните на протест побараа властите да обезбедат соодветни просторни услови и модерен објект за овој факултет, кој со 5.000 студенти е најбројниот во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАФТАТА ПОВТОРНО ЕКСПЛОДИРА: Брент над 116 долари…

Цената на суровата нафта од типот Брент…

Нови детали за двете убиства во Скопје

Четири лица се осомничени за двете убиства…

Син и мајка од радовишко село примиле…

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основно јавно обвинителство…

БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР РАДЕВ ЈА ОБВИНИ РОМАНИЈА ЗА…

Бугарскиот премиер Румен Радев упати сериозни обвинувања…

УЛТИМАТУМ ОД ВАШИНГТОН ДО ТЕХЕРАН: САД бараат…

Соединетите Американски Држави испратиле ново, остро предупредување…