Петровска: Ќе отвориме наменски индустриски зони за одбрамбената индустрија и поддршка за домашните компании
„Како членка на НАТО гарантираме безбедност и стабилност и со тоа им даваме сигурност на домашните компании да продолжат да инвестираат. Но, имаме и план, одлична мерка со која македонски текстилни компании ќе склучат повеќегодишни договори и ќе ги произведуваат униформите и чевлите за македонската Армија“ рече министерката за одбрана и носителка во ИЕ6, Славјанка Петровска на промоцијата на програмата „Програма за европска иднина“.
Таа додаде дека наменското производство е од стратешки интерес за државата и за бизнис заедницата и затоа ќе се отворат наменски индустриски зони за одбрамбената индустрија и ќе се поддржат домашните компании.
„Ќе понудиме модел за ефикасен систем на обезбедување на логистиката која е суштинска за непречено функционирање на Армијата и тоа ќе го прават македонски компании. Најдобар квалитет, а не најниска цена. Затоа што Армијата заслужува квалитет“ рече Петровска.
Таа додаде дека во следниот мандат ќе се промени и ликот на пожарникарските служби и дека во рок од три месеци од формирањето на новата Влада ќе се донесе Закон за пожарникарството, според кој сите пожарникари ќе имаат иста почетна плата, од најмалку две просечни плати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ЈА ЗАОСТРУВААТ ПОМОРСКАТА БЛОКАДА НА ИРАН:…
Соединетите Американски Држави ја заоструваат контролата врз…
НАФТАТА ПОВТОРНО ЕКСПЛОДИРА: Брент над 116 долари…
Цената на суровата нафта од типот Брент…
Нови детали за двете убиства во Скопје
Четири лица се осомничени за двете убиства…
Син и мајка од радовишко село примиле…
СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основно јавно обвинителство…
БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР РАДЕВ ЈА ОБВИНИ РОМАНИЈА ЗА…
Бугарскиот премиер Румен Радев упати сериозни обвинувања…