Османи: Украина е само еден дел од руските империјалистички амбиции кои се закануваат и на Западен Балкан

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска се обрати од министерскиот состанок на НАТО, посакувајќи и на Шведска добредојде во сојузот. Османи уште еднаш ја истакна решеноста да и се помогне на Украина во руската агресија, кажувајќи дека руските империјалистички амбиции се закануваат и на други земји од Западен Балкан, како и на Молдавија и Грузија.

„Ова е историски министерски состанок на НАТО, не само затоа што НАТО ја слави својата 75-годишнина, туку и затоа што преку поздравување на Шведска, го зајакнуваме нашето единство и одбранбени капацитети како сојуз од 32 члена.

Нашиот фокус е ставен на прашањата што ќе ги обликуваат клучните резултати за претстојниот Самит во Вашингтон овој јули. Клучна агенда е да се изгради на нашата колективна посветеност за споделување на товарот, при што Македонија ќе служи како пример, преку постигнување на целта на Самитот во Велс. Нашата цел не е само да ги задржиме, туку и да ги зголемиме нашите одбранбени инвестиции на 2,15% од БДП до 2025 година.

Нашата решеност да ја поддржиме Украина останува непоколеблива. Нашето единство и решителност се нашите сили во залагањето за значителна помош за Украина, соочувајќи се со предизвиците што ги носи руската агресија. Се разбира, овие предизвици имаат пошироки импликации, при што Украина е само еден дел од руските империјалистички амбиции, кои се закануваат на Молдавија, Грузија и на Западен Балкан. Ова бара синхронизиран напор меѓу НАТО и ЕУ, нагласувајќи ја итноста од забрзана европска и евроатлантска интеграција за одржување на нашата колективна безбедност.“, рече Османи.d

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД потрошиле над 47 милијарди долари за…

Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…

(Видео) Малолетник нападна полицаец со два ножа…

Малолетник од Шабац е убиен ноќеска пред…

Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…

Трилатерална средба на министрите за одбрана и…

Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…

Вчера вечер е уапсено уште едно лице…

Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…

Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…