Објавено на:

Пак… Активистката Грета Тунберг уапсена на демонстрации во Хаг

t

Грета Тунберг, шведска активистка против климатските промени, беше приведена денеска за време на големите демонстрации во главниот град на Холандија, Хаг. Покрај Тунберг, локалната полиција приведе и голем број други демонстранти кои се обиделе да го блокираат главниот пат, пренесува Ројтерс.

Организацијата Extinction Rebellion (XR) претходно најави дека ќе го блокира патот Утрехцебаан (А12) во Хаг за време на денешниот протест во знак на протест против владината поддршка за индустријата за фосилни горива.

„Компаниите како Шел, Тата Стил и КЛМ добиваат огромни попусти за користење нафта, гас и јаглен во Холандија. Ова само во Холандија изнесува помеѓу 39,7 и 46,4 милијарди евра годишно. На глобално ниво, ММФ резервира сума од седум трилиони долари за 2022 година за овие цели. На овој начин се поддржува и стимулира користењето на извори на енергија чиишто емисии предизвикуваат климатска и еколошка криза“, се наведува во соопштението на организацијата XR, а пренесува порталот НТ.

Минатиот ноември Тунберг присуствуваше на климатскиот марш во Амстердам заедно со десетици илјади луѓе, пренесува Танјуг.

Еден човек потоа го прекина нејзиниот говор во кој таа се осврна на војната во Газа, велејќи дека тој не дошол „на политички митинг“.

Кон крајот на март годинава, климатски активисти од организацијата XR се обидоа да го блокираат патот А10 во Амстердам во близина на поранешното седиште на компанијата ИНГ, но блокадата не успеа, а полицијата уапси повеќе од 25 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Димитриевски покажа карактер со тоа што не…

Столе Димитриевски од наредната сезона ќе го…

Русија започна вежби со тактичко нуклеарно оружје

Претседателот Владимир Путин ги нареди вежбите претходно…

Кривичен му одреди притвор од 30 дена…

Судија на претходна пстапка во Основниот кривичен…

ДИК: Прегласувањето на болните, немоќните лица и…

Државната изборна комисија (ДИК) за денешното прегласување…

Ѓорѓиевски ги посети фудбалерите на Вардар: За…

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски преку…