ДУИ: Меџити и неговиот ортак Муминовиќ се татковци на коцкањето, казината и обложувалниците и „деривати на Москва“
Залутаната и изгубена опозиција, во служба на проруската агенда, продолжува со напорите да внесе раздор кај Албанците преку лажни вести и измислици, секогаш во служба на ВМРО и Левица, соопштија од ДУИ.
„Во недостиг на програма и претчувствувајќи го длабокиот пораз, Европскиот фронт ја изразува својата длабока загриженост дека Изет Меџити и другите деривати на Москва, по секоја цена сакаат да ги претстават Албанците како криминален и корумпиран фактор во Македонија.
Во нашата земја сите знаат,особено Албанците од Скопје и пошироко, дека Изет Меџити и неговиот партнер Рафет Муминовиќ, се татковци на коцката, казината и обложувалниците.
Токму Изет Меџити и неколкумина албански пратеници построени со руската агенда, не го изгласаа Законот за затворање на игрите на среќа и покрај повиците и барањата на Движењето против коцкањето.
Единствената причина за ова е што Изет и Рафет се ортаци инструирани од ВМРО-ДПМНЕ, а нивната основна цел е да го заштитат криминалниот монопол од кој се финансираат.
Граѓаните на Македонија исто така знаат дека опозицијата, тесно координирана со ВМРО на Мицкоски и Левицата на Апасиев, долго време го блокираше предлогот на Демократскиот унија за интеграција во парламентарните комисии, овозможувајќи им на мрачните сили на криминалот и корупцијата да продолжат со организирање на игрите на среќа.
Корупцијата е закана за националната безбедност и тоа најдобро го користи Русија, која е присутна во политичките партии во нашата земја, во нашите медиуми, во граѓанското општество, во нашата економија, во нашата критична инфраструктура и во секој сегмент на општеството не само кај нас, тукуи во целиот наш регион.
Демократската унија за интеграција уште еднаш апелира до опозицијата и политичките партии да развијат демократска и европска кампања, а најдобар пример е идниот претседател д-р Бујар Османи и Европскиот фронт.
Исто така, ги повикуваме граѓаните да не станат плен на дезинформациите и хибридната војна што ја води Кремљин, а најсилен удар за Москва и нејзините деривати е масовната поддршка на 24 април и 8 мај за претседателот д-р Бујар Османи и Европскиот фронт“, додаваат од партијата на Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…
ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…
ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…
Без срам власта е подготвена да ги…
Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
Москва удри по укранските одбранбени објекти –…
Руската војска изврши серија напади врз украински…