Објавено на:

Службеник на италијанската влада му доставувал расипано месо на израелскиот амбасадор

t

Неименуван функционер на италијанското Министерство за образование е осомничен дека во два наврати му испратил расипано месо на амбасадорот на Израел во Италија, Алон Бар.
Истрагата на Одделот за општи истраги и специјални операции (ДИГОС) на провинциите Рим и Латина откри дека за време на испорака на расипано месо во февруари и март, дошол маж облечен во иста облека, со завиткан пакет и назнака на непостоечки испраќачи на поштенските пакети, пренесува Adjensia nova, истакнувајќи дека осомничениот и претходно и бил познат на полицијата како член на левичарски пропалестински групи.


Во петокот наутро, во куќата на овој функционер (51) е извршен претрес во градот Сеце, во Латина, при што истражителите пронашле и заплениле облека што се претпоставувала дека била носена при незаконски активности и други елементи користени при испораката на месо.
Увидите за одземените предмети се во тек, а истрагата продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

Хаос во Италија поради одлуката на синџир…

Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Мелони забранува носење на бурки и никаби…

Италија се подготвува да го забрани покривањето…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…