Објавено на:

Борел: Да го отргнеме Блискиот Исток од работ на амбисот

t

ЕУ дипломатијата повикува на воздржаност по последните случувања на Блискиот Исток и да не се дозволи регионот да западне во тотална војна. Ова го сподели високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по денешното вонредно заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ.

– Нападот со дронови и проектили врз Израел од страна на Иран е без преседан во буквална смисла на зборот, бидејќи досега никогаш не се случил ваков воздушен напад. Ова секако претставува и голема ескалација на и онака веќе тензичната ситуација во регионот, рече Борел.

Тој потсети дека на заседанието на Советот за безбедност на ОН во неделата, генералниот секретар на Светската организација, Антони Гутереш оцени дека регионот на Блискиот Исток е доведен на работ на амбисот, па затоа, според Борел, меѓународната заедница мора да преземе чекори да го тргне од таму.

– Мораме да го оттргнеме регионот од работ на амбисот, порача Борел.

Според него, ако во сегашната ситуација се користи логиката на шаховската игра и на секој напад се одговора со противнапад, тоа ќе го доведе Блискиот Исток до тотална војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…