Meџити за уставните измени: Не сакаме да бидеме по секоја цена дел од некоја влада која нема да биде европски настроена
Претседателот на Демократското Движење и носител на листата на коалицијата Вреди во првата изборна единица, Изет Меџити не даде конкретен датум кога според него би се отворил Уставот за внесување на Бугарите во него, ниту дали тоа ќе остане нивниот услов за влегување во новата влада.
„Ние сме фокусирани на промовирање на нашата програма, убедени сме дека ние ќе го имаме легитимитетот на Албанците. Бадентерот ќе го имаме ние, тоа е нашиот фокус до 8 мај, а потоа ќе ги договараме точките за преговарање. Не сакаме да бидеме по секоја цена дел од некоја влада која нема да биде европски настроена. Сега сме фокусирани на победата, на контакти со граѓаните, да завршиме со тоа, после ќе седнеме на маса и ќе разговараме и преговараме. Ние сме стожер на меѓународната заедница и граѓаните, дека Македонија ќе се движи во вистинска насока, тоа е евроинтеграцијата“, кажа Меџити.
Единствената партија која според него е антиевропски настроена е Левица и со нив не сака да влезе во коалиција. За останатите партии, тој остава отворена врата, со став дека кој помалку, кој повеќе, сите се проевропски настроени. За принципот победник со победник од 2008 година, или таканаречениот „мајски договор“, вели дека ДУИ е партијата која го прекршила.
„Од оваа гледна точка сметам дека направи ДУИ добро што го прекрши, зошто беше добро за државата. Но ако ти го прекршиш договорот, не можеш да бараш од друг да го почитува. Ахмети побара помош од другите заедници и тој не е чисто албанска опција. Чисто албанска опција е само Влен. Ништо не оди во прилог на ДУИ, ние сме единствена албанска опција и ние ќе бидеме легитимни претставници на Албанците“, рече Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…
Една година и седум месеци затвор е…
ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…
Полициски час во делови од Париз и…
По протестите и немирите, властите во Париз…
ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…
Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…
ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…