Објавено на:

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е инспирација за идниот мировен процес

t

Првиот мировен самит за Украина, кој ќе се одржи во јуни во Швајцарија, ќе послужи како платформа за дијалог за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со Повелбата на ОН и нормите на меѓународното право, објавија од Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски.

„Сите поканети страни го потврдија почитувањето на овие принципи. Целта на Самитот е да се развие рамка за постигнување на оваа цел со цел да се инспирира идниот мировен процес“, се вели во соопштението. Мировниот самит за Украина ќе се одржи од 15 до 16 јуни во Бургенсток, во близина на Луцерн, беше договорено на средбата меѓу Зеленски и претседателот на Швајцарската конфедерација Виола Амхерд во јануари. Организацијата на самитот е резултат на координираните напори на украинската и швајцарската страна. На него ќе присуствуваат државни лидери и шефови на влади од целиот свет. Основачките принципи на состанокот беа договорени за време на серијата меѓународни состаноци на советници за политичка и национална безбедност, кои беа иницирани од Кабинетот на претседателот со цел понатамошна работа на украинската формула за мир, се вели во соопштението за медиумите, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…