Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.
Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.
На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.
Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.
Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две руски ракети паднаа на територија на…
Додека илјадници европски војници во Полска ги…
Просечна плата од 88.787 денари во ИТ…
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Еден купувач е доволен за продажба на…
Со оглед на тоа што Народната банка…
Барале 100.000 евра, па запалиле „ренџ ровер“:…
Четворица турски државјани добија кривична пријава под…
Захарова ја поздрави одлуката на Србија да…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…