Прв Македонец со ваков подвиг: Кедев на Велигден го искачи петтиот највисок врв на светот

t

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев направи уште еден голем подвиг, утрото на Велигден тој се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.

Сашко Кедев освои уште еден од највисоките светски врвови, тој со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси се искачи на Макалу.

Кедев беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.

Сашко Кедев има исклучителна колекција на искачени врвови, има освоено 10 од 14. врвови над 8.000 метри. Покрај Макалу тој ги има искачено и Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од рубриката верувале или не: По дебаклот…

Првичните резултати од Аналитичкиот центар на СДСМ…

УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БРВЕНИЦА: Стојанчо…

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ остварија убедлива…

(Видео) ВМРО слави 4:1 водство пред СДСМ…

Кндидатот на ВМРО-ДПМНЕ од досега пребројаните гласови…

Макрон ја поврза војната во Иран со…

Францускиот претседател Емануел Макрон ја поврза војната…

Иран тврди дека два танкера налетале на…

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека два нафтени…