Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Во Берлин физички е нападната сенаторката за економија и поранешна градоначалничка Франциска Гифи од Социјалдемократската партија на Германија, (СПД).
Ова е трет последователен напад врз владини политичари за само неколку дена.
Гифи вчера попладне била нападната од непознат маж во библиотека во Берлин со удар со торба во главата, по што и била укажана прва помош.
По нападот напаѓачот успеал да побегне.
– По првичниот шок, сега сум добро. Благодарна сум за добрите желби и се враќам на работа, изјави Гифи денеска.
Минатиот викенд во Саксонија беше претепан и тешко повреден кандидатот на СПД за изборите за Европскиот парламент, Матијас Еке, додека лепел изборни плакати.
Непосредно пред тоа беа нападнати и политички активисти на партијата Зелени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Немирите се шират низ Италија, малолетници се…
Мирните протести во Италија против високите трошоци…
Проектил погодил гасна инфраструктура при вежба? Нови…
Експлозијата и смртоносниот пожар во канадската воена…
Заврши гласањето: Затворени избирачките места во општина…
Заврши гласањето во општина Брвеница, затворени се…
Карни потврди четворица загинати војници во базата…
Канадскиот премиер Марк Карни потврди дека четворица…
(Видео) Нови судири со полицијата на шестиот…
Протестите во главниот град на Албанија, Тирана,…