Објавено на:

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ пешачи 17 дена, откри колку пари се собрани досега!

t

Пејачот Никола Роквиќ пешачи на 17. ден од подвигот до манастирот Свети Нектариј Егински во Грција. Неговата цел е хуманитарна и собира пари за набавка на опрема за детска онкологија.

Откако го помина Велигден во Македонија во кругот на семејството кое го сретна по пат, пејачот продолжува понатаму.

Сега тој се огласи на социјалните мрежи за да покаже дека се наоѓа кај Валандово, но и да открие колку пари досега се уплатени на фондацијата.

„Драги луѓе, еве го 17-тиот ден од ова патување. Јас сум на светото место каде што десеттата ирска дивизија во Првата светска војна го даде својот живот за одбрана на Србите и одбрана на Србија. Бидејќи ништо не е случајно во животот , токму утре од храмот Свети Сава, правнукот на познатиот Томаш кој го даде животот за слободата на Србија, оди со пријателите во Хиландар и собира средства за малиот Огњен и неговото лекување во Америка голема чест и гордост да застанам на ова место и да бидам во контакт со нашиот брат Марко“, рече Никола и додаде.

„Да ве информирам дека денеска собравме 17 милиони динари. Ви благодариме драги луѓе, Господ да ве благослови, да продолжиме понатаму“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…

Tоварно возило прегази велешанка

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…

Директорот на Историскиот музеј „Крушево“ поднесе оставка

Директорот на НУ Историски музеј „Крушево“, Миха…

Утре без вода делови од Маџари и…

Поради изведување приклучок на водоводна мрежа со…

Шасивари: Втора шанса за Изборниот законик –…

Министерот за правда, Јетон Шасивари заедно со…