Објавено на:

НИКОЛА РОКВИЌ ПО 18 ДЕНА ПЕШАЧЕЊЕ ВЛЕЗЕ ВО ГРЦИЈА: Пејачот сподели колку пари собрал и ги воодушеви сите

t

Српскиот пејач Никола Роквиќ влезе во Грција по 18 дена пешачење. Веста ја објави на својата инстаграм-приказна, а на своите следбеници им покажа и прекрасно поле со афион, како и црква покрај патот, а сето тоа со музиката на познатиот грчки пејач Петрос Гаитанос.

„Драги луѓе, еве влегов во Грција преку преминот Дорјан, пред езерото и сега ги минувам прекрасните полиња во Грција. Прекрасна природа. Да бидете живи и здрави и благословени од Бога. И да ве информирам дека стигнавме до 19 милиони динари. Господ да ве благослови, одиме понатаму до нашата цел. Овојпат за детската радост“, рекол Никола.

Никола на 22 април тргна на аџилак на грчкиот остров Егина.

Пејачот има мисија, сака да се поклони во манастирот Свети Нектариј Егински, а причината е повеќе од хуманитарна. Имено, Никола и неговата сопруга Бојана ја основале фондацијата „Семејство“, а првото нешто што сакаат да направат е да соберат пари за реновирање на детското онколошко одделение, како и за апарати кои ќе помогнат за дијагностицирање на рак на мозокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Први ефекти од војната меѓу Израел и…

Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…