Објавено на:

Нетанјаху: Ако е потребно Израел сам ќе се бори против непријателот

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска нагласи, еден ден откако САД се заканија дека ќе ја прекинат испораката на оружје на својот сојузник, дека Израел „ќе се бори сам доколку е потребно“, соопшти прес-службата на премиерот.

„Ако треба да стоиме сами, ќе застанеме сами, тоа го кажав и претходно, ако треба, ќе се бориме и со нокти“, рече Нетанјаху, откако американскиот претседател Џозеф Бајден се закани дека ќе прекине одредени испораки на оружје за Израел ако влезе неговата војскаво Рафа, град на југот на Појасот Газа.

Израелската армија „има доволно оружје за да ја изврши својата мисија во Рафа“, изјави денеска воениот портпарол Даниел Хагари.

Нетанјаху со месеци инсистира на копнена офанзива од големи размери во Рафа, каде што тврди дека се кријат последните борци на палестинското движење Хамас.

Според ОН, во Рафа има повеќе од еден милион Палестинци раселени поради војната во Појасот Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…

Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…

Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…

Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…