Објавено на:

Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Македонија да се вразуми

t

Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но и критики до актуелниот грчки премиер во врска со Договорот од Преспа, со оглед на ставот и противењето на Кирјакос Мицотакис во периодот кога беше опозиција. Го прашува зошто сега моли да се почитува Договорот и дали можеби сепак „не беше предавнички“ договор.

-Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но „државата има континуитет и затоа треба да се почитува“. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.

Паралелно посочува дека „историската вистина понекогаш задоцнето се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите, вистинските патриоти“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…

Една година и седум месеци затвор е…

ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…

Полициски час во делови од Париз и…

По протестите и немирите, властите во Париз…

ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…

Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…

ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…

Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…