ТРАГЕДИЈА: 14-годишно дете почина во Битола!
Во текот на вчерашниот ден, во атарот на битолското село Крстоар ненадејно починало 14-годишно момче. Во моментот кога било со другарчињата на роденденска прослава, си играло на ливада, при што му се слошило и паднало на земја.
Веднаш била повика итна медицинска помош.
„Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на село Крстоар, Битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство. Полицијата изврши увид на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото момче е дадено на обдукција, со цел да се утврди причината за смртта.“, информираат од СВР Битола.
Детето посетувало настава во осмо одделение во ОУ „Коле Канински“ во Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејна трагедија во Словенија, дете паднало во…
Трагедија се случила во близина на водопадот…
Грчки остров ќе им дава по 3.000…
Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското…
Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на…
13-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ –…
Тринаесетгодишно дете се бори за живот откако…