Почина 7-месечно бебе од Вевчани: ОЈО ќе ги истражува причините за смртта
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид издаде повеќе наредби за утврдување на причините за смртта на 7-месечно бебе од Вевчани, кое починало рано утрово во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ откако било донесено со повреди на главата и итно префрлено во операциона сала.
Неколку часа по спроведената операција, бебето починало на интензивна нега. Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лица, а се проверува и медицинската историја на детето и на мајката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
ОЈО не се откажува од гонење на…
Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е…