Министерството за правда ѝ се заблагодари на Турција за екстрадицијата на Палевски

t

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци.

„Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте!“, велат од Министерството за правда. 

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје, соопштуваат од МВР.

Палевски е осомничен за убиството на Панче Жежовски од Велес и Вања Ѓорчевска од Скопје. Тој избега во Турција од каде е екстрадиран. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати во тешка автобуска несреќа…

Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени…

Три лица од Турција нападнати кај кањонот…

– Вчера во 18:30 часот во СВР…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…