Инфлацијата во САД падна на 3,4 отсто во април
Инфлацијата во САД дополнително забави во април, при што индексот на потрошувачки цени (CPI) изнесуваше 3,4 отсто на годишна основа, по 3,5 отсто во март, според податоците објавени во средата од Бирото за статистика на трудот.
Иако оваа година инфлацијата не се намали толку брзо како што се очекуваше, најновите податоци донесоа одредено олеснување за централната банка, како и за граѓаните.
Зголемените трошоци за домување и гориво беа клучните двигатели на американската инфлација во април. Според статистичките податоци, овие два индекса придонеле за повеќе од 70 отсто во вкупниот месечен пораст. Енергетскиот индекс се зголеми во април на 1,1 отсто, додека индексот на цените на храната остана непроменет.
Американската централна банка ќе мора да почека до почетокот на намалувањето на каматните стапки. Тоа е очекуваното сценарио. „Покачената инфлација и високите каматни стапки најмногу ги погодуваат граѓаните со фиксни приходи, но ФЕД веројатно ќе чека дополнителни докази за одржлив пад на инфлацијата.
Индексот на цените за сите артикли без храна и енергија порасна за 3,6 отсто во изминатите 12 месеци. Енергетскиот индекс порасна за 2,6 отсто во 12-те месеци заклучно со април. Индексот на храна се зголеми за 2,2 отсто во однос на минатата година.
Претседателот на Федералните резерви на САД Џером Пауел изјави претходно оваа недела дека централната банка размислува „да ја задржи политиката на сегашниот курс подолго отколку што се мислеше“ наспроти американската инфлација која стана поизразена од очекуваното.
Претседателот на ФЕД оцени дека американската економија „функционира многу добро во последно време“, но дека првите месеци од 2024 година покажале „недостиг на напредок“ во намалувањето на инфлацијата до целта на централната банка од два проценти.
Аналитичарите оценија дека изјавите на Пауел сугерираат дека ФЕД гледа подалеку од состанокот во јули и е повеќе ориентиран кон септември за можно прво намалување, додека тој самиот изјави дека постои „многу мала веројатност“ да има зголемување на каматните стапки. Првиот нареден состанок на Комитетот за отворен пазар на ФЕД, кој одлучува за нивото на каматните стапки, ќе се одржи на 11 и 12 јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…