Бугарски медиуми: Сиљановска Давкова воодушевена од премиерата на Софиската опера и балет во Скопје

t

„Валкира“ на софиската опера и балет ја крена на нозе полната сала на Националната опера и балет во Скопје. Четиричасовната изведба, во режија на Пламен Карталов, беше претставена во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ во Република Северна Македонија, а меѓу присутните беше и претседателката на државата, Гордана Сиљановска, јавуваат бугарските медиуми.

„Никогаш не сум доживеала такво задоволство, толку долго, толку страсно. Ниче е во право кога вели дека без музика светот не би бил тоа што е. Мислам дека никој од нас не се чувствуваше уморен во тие пет часа. Не знам што беше посовршено – диригентот, режисерот, пејачите, оркестарот, кореографијата, сценографијата. Ви благодарам од се срце. Ми требаше вакво нешто. И мислам дека уметноста може да го постигне невозможното. Мене ми се случи тоа. Малку ми фалеше да станам и да викнам браво“,изјавила Сиљановска по изведбата, пренесе Труд.бг.

Таа претходно во изјава за БНТ истакнала дека културната дипломатија е помоќна од традиционалната и затоа дошла да ужива во изведбата на операта.

Директорот на Софиската опера и балет и директор на претставата, Пламен Карталов, се заблагодарил за „дарежливиот и гостопримлив пречек“ од раководството на Националната опера и балет во Скопје.

„Сакам да ве уверам дека нашите контакти ќе бидат навистина плодни. Ве чекаме во Софија во септември да покажеме како функционира културната дипломатија“,рекол Карталов.

Спектакуларната епска музичка драма „Валкира“, од прочуениот германски композитор Рихард Вагнер, во продукција на Софиската опера и балет, синоќа гостуваше на 52. „Мајски оперски вечери“. За ова гостување, реализирано партнерски меѓу македонското и бугарското министерство за култура, од Софија во Скопје дојдоа 134 луѓе – солисти, оркестар, мала балетска група и целокупната техника. Постановката на „Валкира“ ја режираше Пламен Карталов, кој воедно е и директор на Софиската опера и балет. Со оркестарот диригираше маестро Еван Алексис Kрист од САД.

Во септември нашата Национална опера и балет врз принципот на реципроцитет, ќе гостува во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп –…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болните…

Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…