Претседателот и министерот за надворешни работи на Иран пронајдени мртви по хеликоптерската несреќа!

t

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и сите други членови на делегацијата кои се враќаа по посетата на Азербејџан загинаа во хеликоптерска несреќа, пренесува агенцијата Мехр.

„Претседателот на Иран и неговата придружба загинаа во хеликоптерска несреќа… Ебрахим Раиси, претседателот на нашата земја, загина во хеликоптерска несреќа во планински регион во северозападен Иран, меѓу загинатите е и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан“ се вели во известувањето од агенцијата.

Во хеликоптерот, покрај претседателот и министерот за надворешни работи, имамот на Табриз Мохамад Али ал-Хашем, шефот на провинцијата Источен Азербејџан Малек Рахмати, екипажот на хеликоптерот и еден чувар.

Информацијата за смртта на Раиси и на целата делегација ја потврди иранскиот потпретседател Мохсен Мансури.
Претходно, Прес ТВ, повикувајќи се на иранската Црвена полумесечина, објави дека на местото на несреќата не се пронајдени преживеани, а самиот хеликоптер целосно изгорел.
Владата на Исламската Република ќе одржи итен состанок поради смртта на претседателот и министерот за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…

Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…

Израел се соочува со егзистенцијална закана од…

Хамнеи бара воена отштета од САД и…

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…

(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…

Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…

Иран подготвува нова стратегија за напади врз…

Иран започнал да применува нова стратегија за…