Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

t

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во интервјуто за ,,Слободен печат” истакна дека сега остануваат „марксисти – ленинисти заедно со ДУИ во опозиција“. 

– Мислам дека Али направи за првпат сериозна грешка. Досега играше маестрално со нашите недоквакани политичари. Грешката е во тоа што дури 9 од своите пратеници им ги отстапи на коалиционите партнери. Загуби уште еден при прегласувањето. Дел од тие што ги има, ќе бидат купени – потенцираше Апасиев. 

Пратеникот Апасиев се осврна конкретно на ,,пратениците на Али” кои остануваат во Собрание.

– За првпат Али ги стави старите ,,учки – кадри”. Тука се: Муса Џафери, Блерим Беџети, претходниот спикер – сегашен премиер… Тие веќе не ти градат парламентарна кариера. Тие луѓе нема да поднесуваат акти, тие ќе си спијат, ќе доаѓаат само за гласање… Младата екипа негова – младите орлиња му ги нема на пратеничката листа, нема кој да му ја води парламентарната група и тие ќе се изгубат комплетно. Мислам дека стратешки погреши и веќе сфатија дека е пуштен низ вода – додава Апасиев. 

Лидерот Апасиев стави акцент и на „оние кои одат во опозиција и на овие кои доаѓаат на власт”. 

– Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши – поентираше Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…

Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…

ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…

„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…

ДУИ: Да одиме на избори

„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…

ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…