Објавено на:

Македонка со фустан со Сонцето од Кутлеш и „Јовано Јованке“ направи шоу на „Ѕвездите на Гранд“

t

Кандидатката од Македонија Андријана Петрушовска во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ успеа да се пласира во следниот круг од ова шоу.

Иако таа за време на дуелот освои помалку бодови од својата противкандидатка и се влезе во таканаречениот дел од емисијата „бараж“, уметничкиот директор на Гранд, Саша Поповиќ одлучи сите кандидати кои се пласираа во „бараж“ да бидат дел од полуфиналето на Гранд.

Андријана Петрушовска имаше впечатлив изглед, a ја изведе македонската изворна песна „Јовано Јованке“. Таа беше облечена во црвен кус фустан, на кој имаше наметка со старото знаме на државата.

„Горда сум што можам на македонски јазик и во македонски ритам да ја претставувам мојата Македонија! Одговорност, чест и неопислива среќа е да можам преку музика да говорам за македонската традиција безвременските песни од кои при првиот такт заигрува македонското срце! Ви благодарам на поддршката!!!“, напиша Андријана на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Редарите „ловеа“ и одземаа знамиња со…

Ракометната репрезентација на Македонија во последното коло на првата…

Земјата денеска во 14.28 часот ќе биде…

Денеска во 14 часот и 28 минути,…

На 24 декември човештвото ќе постигне успех…

На 24 декември 2024 г Соларната сонда…

Македонка со фустан со Сонцето од Кутлеш…

Кандидатката од Македонија Андријана Петрушовска во регионалното…

Ветерот и Сонцето произведоа рекордни 22 отсто…

Прегледот на глобалната енергетска  состојба покажа дека…