Ќе му ја отвори ли можноста Добрила Кацарска на Мицкоски за нова Уставна криза и разрешување на сите уставни судии?

t

Македонија се наоѓа пред нова Уставна криза ако утре Уставните судии не успеат да се договорат и не изгласаат нов претседател на судот.

По трет ден состаноци и неколку повторени изборни круга, резултатите за тоа кој треба да биде нов претседател на Уставниот суд се исти, пет гласа за Татјана Васиќ – Бозаџиева наспроти четири гласови за професорката Ана Павлова – Данева.

За да биде избран новиот претседател на Уставниот суд, недостасува еден глас за Татјана Васиќ – Бозаџиева, односно два гласа за Данева која пак претходно беше поддржана од СДСМ, а овој пат од партијата на Максим Димитриевски „ЗНАМ“.

Иако гласањето е тајно, Уставните судии не кријат за кого ја даваат својата поддршка.

На страната на професорката од правниот факултет Ана Павлова-Данева се нејзината колешка професорката Јадранка Дабовиќ, уставниот судија Дарко Костадиновски кој пак доаѓа на предлог уште во времето на Ѓорѓе Иванов, а одлучувачкиот глас пак е на актуелната Претседателка на Уставниот Суд Добрила Кацарска која одбива да го почитува изборот на останатите пет Уставни судии кои пак се и мнозинство чија поддршка за нов претседател на Уставниот суд ја даваат на Татјана Васиќ – Бозаџиева.

Доколку и утре не се избере нов претседател на Уставниот суд, Македонија ќе се соочи со нова Уставна криза, која пак новото парламентарно мнозинство може лесно да ја искористи за повторно да изврши упад во највисоката судска инстанца во земјава.

Имено, доколку утре уставните судии не изберат нов претседател Македонија ќе остане без функционален Уставен суд, што пак ја отвара можноста на новото парламентарно мнозинство за законска дисолуција на актуелниот судски состав, и да наметне нови Уставни судии по сопствен терк.
Ништо не го спречува Мицкоски да предложи измени и дополнување на Уставот со кој актуелниот состав на Уставниот суд ќе биде заменет со нов, благодарение на нивната неспособност да се договорат и да застанат позади еден судија.

Во пратеничките кругови веќе се шпекулира дека доколку до понеделник не се избере претседател на Уставен суд, Мицковски има план да се разгледа можноста за дополнување на Уставот со цел промена во делот на преодни и завршни одредби со кои ќе се изврши престанок на мандатот на актуелниот состав на Уставен суд. Тоа би одело во пакет со измените на законите за распуштање на Судскиот Совет и на Советот на јавни обвинители, што пак е изборно ветување на Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ.

Досегашната пракса покажувала дека Претседателот во заминување секогаш работел во насока на обезбедување на непрекинат континуитет во функционирањето на Уставниот суд, што не е случај со Кацарска која четврти пат одбива да застане на страна на мнозинството Уставни судии кои својата поддршка ја даваат за Татјана Васиќ – Бозаџиева.

Утре, одлуката дали Македонија ќе падне во нова Уставна криза и ќе му овозможи на Мицкоски повторен упад во највисоката судска инстанца останува на Добрила Кацарска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

ВЛЕН: Минчев, Димитриевски и ЗНАМ да не…

Коалицијата ВРЕДИ која е дел од владината…

ВЛЕН ќе ги избрка ЗНАМ? Димитриевски размислува…

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски е против…

ЗНАМ смета дека ВЛЕН се полоши од…

Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија реагира на соопштението…

ВРЕДИ: Очекуваме Минчев да ги поништи огласите…

Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека…