Објавено на:

(Видео) Андријана Петрушовска ги спореди Ѓорѓе Давид и Мили, еве што кажа за менторите

t

Андријана Петрушовска по којзнае кој пат ги шокираше жирито и публиката во Ѕвездите на Гранд со својот глас и изглед.

Веднаш штом се симна од сцената, пред камерите на медиумите ги сумираше своите први впечатоци, но и откри кој е најрасположениот кандидат оваа сезона.

„Сите се дружиме, но ако треба да издвојам, тоа ќе беше Александра Иванов. Убаво е што сите се дружиме и се поддржуваме“, истакна таа.

Иако сите се дружат меѓу себе, Андријана истакнува колку и е жал што е единствената што останала во тимот на Мили и затоа нема друштво на пробите.

„Сите се дружевме на пробите, но сега останав само јас кај Мили, па немам со кого да се дружам. Мојот пријател на пробите е Мили, но инаку сите се дружиме и се е супер“, рече Петрушовска.

Првата година кога се натпреваруваше, нејзин ментор беше Ѓорѓе Давид, а сега откри дали покрај Мили и Ѓорѓе би избрала трет ментор.

„Искрено, не можам. Го имав Ѓорѓе лани, сега е Мили и мислам дека така треба, ништо не можам да сменам. Ова е убаво и одлично за мене“, истакна таа, а потоа додаде дали има разлика меѓу работата со едниот и другиот:

„Секако дека има разлики. Но, со Ѓорѓе си поминав одлично, како и сега со Мили. Научив многу работи, сега сум позрела, па можам да прифатам повеќе совети“.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…