Битиќи: Деновиве ќе одлучам дали ќе се кандидирам за претседател на СДСМ
Пратеникот од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи, сѐ уште не одлучил дали ќе се кандидира за претседателската позиција во Социјал-демократскиот сојуз.
– Немам одлучено дали ќе се кандидирам за претседател на СДСМ. Рокот за поднесување на кандидатурите е до 6 јуни, има време за размислување, вели Битиќи за Инфомакс.
На вчерашната седница Централниот одбор на СДСМ го усвои Правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на Претседател на СДСМ за вонредните избори како и Правилникот за начинот и постапката за активна регистрација за членови на СДСМ.
Врз основа на Статутот на СДСМ, одлуките на Централниот одбор и одлуката на Извршниот одбор од денеска СДСМ објавува Отворен повик за самокандидирање на сите заинтересирани кандидати за Претседател на партијата.
Постапката за кандидирање започнува од 31.05.2024 и ќе трае седум дена, до 06.06.2024 година. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми.
За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ кој најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.
Вонредните внатрепартиски избори се распишани со одлука на Извршниот одбор и ќе се одржат на 30 јуни 2024 година (недела).
Деталите околу постапката, правиникот и критерумите се содржани во Правилникот за критериумите, начинот и постапата за кандидирање и избор на претседател на СДСМ.
Сите документи од денеска ќе бидат јавно достапни на официјалната интеренет страница на партијата (www.sdsm.org.mk).
Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и Одбори на избирачки места на локално ниво.
Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат.
Периодот за Активната регистрација e зголемен и изнесува 20 дена. Челновите ќе можат активно да се регистрираат преку две опции, преку онлајн алатката за активна регистрација којашто ќе биде достапна на интернет страницата на СДСМ во понеделник (03.06.2024) или втората опција преку општинските организации на СДСМ.
Со одлука на Централниот одбор, за 09.05.2024 година (недела) е закажан Конгрес на СДСМ. Покрај анализите на причините за изборниот резултат Централниот одбор предлага и измени на Статутот на партијата за мандатот на Претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде 4 години, соопштија претходно од пратијата.
Засега претенденти за челното место во партијата се доскорешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и директорот на Царина, Стефан Богоев. Во јавноста се шпекулираат уште неколку имиња, меѓу кои и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.
Досегашниот претседател Димитар Ковачевски најави дека не планира да поднесе кандидатура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…