Сиљановска Давкова вели дека бил нарушен уставниот принцип на поделба на власта

t

Македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, му рекла дека во земјата бил нарушен уставниот принцип на поделба на власта. Во соопштението од нејзиниот кабинет за средбата не се наведува во што бил нарушен тој принцип.

„Во контекст на владеење на правото како прв и најважен критериум од Копенхаген, претседателката ги посочи актуелните внатрешни предизвици врзани за нарушениот уставен принцип на поделба на власта без која нема парламентарна демократија“, стои во соопштението.

На средбата се разговарало за македонските аспирации за членство во Европската унија, како стратешки приоритет на државата. Сиљановска-Давкова истакнала дека поддршката од страна на нашите пријатели и партнери во ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, за нас е високо ценета и значајна.

Таа очекува продолжување на пристапниот процес во ЕУ преку враќање на вербата во мериторниот процес на интеграција, со фокус на исполнување на Копенхашките критериуми. Сиљановска-Давкова се надева дека историските прашања, стари и по сто години, нема да го преземат приматот на реформите кои се главен национален приоритет и очекува подлабока соработка со Франција за примена на француските искуства во развојот на демократијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОДБРАНАТА НА ГРУБИ СЕ ИЗВИНИ: Велат дека…

Адвокатите на Артан Груби се оградија од…

Украина: 600.000 домаќинства се без струја по…

Најмалку 600.000 домаќинства во Украина останаа без…

Европската комисија го поткопува јазичниот „бетон“ –…

Статусот на македонскиот јазик во Европската Унија…

Мицкоски ѝ понуди на опозицијата да се…

Европската Унија останува стратешка цел на државата…

Недостигот на дизел може да продолжи и…

Намалената понуда на дизел на светскиот пазар…