Средба Гаши-Гир: Новиот парламентарен состав посветено ќе работи на европската интеграција на земјата

t

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари прва средба по изборот на функцијата со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници на Делегацијата на Европската Унија во земјава.

Честитајќи му го изборот на Гаши за претседател на Собранието, амбасадорот Гир изрази очекување дека новиот парламентарен состав ќе работи посветено во остварување на стратешката цел на земјата за полноправно членство во Европската Унија.

Претседателот Гаши, од своја страна, се заблагодари за недвосмислената и континуирана поддршка на европските институции за процесот на проширување. Тој го поздрави Планот за раст на Западен Балкан, кој, како што рече, треба дополнително да го поттикне регионот да се подготви за членството во ЕУ, посебно преку спроведување реформи во делот на владеењето на правото, зајакнувањето на демократските институции, борбата против корупцијата, економскиот развој.

Соговорниците разговараа и за можностите за продолжување на „Жан Моне“ дијалогот, кој го оценија како мошне ефикасен и целисходен во изминатиот период, при што претседателот Гаши посочи дека новиот собраниски состав веќе функционира врз основа на новиот Деловник.

Претседателот на Собранието, исто така, изрази задоволство за тоа што новата Методологија на ЕУ за проширувањето предвидува засилена улога на парламентите во преговорите, уверувајќи дека новиот парламентарен состав ќе се вложи целосно во овој процес.

Претседателот Гаши и евроамбасадорот Гир разменија мислења и за престојните избори за Европскиот парламент, како и за претстојниот изборот на нова влада во земјава. Тие разговара и за процедурите за донесување на законите во Собранието, за зајакнувањето на надзорната функција на Тие разговара и за процедурите за донесување на законите во Собранието, за зајакнувањето на надзорната функција на Собранието во однос на извршната власт, како и за понатамошното усогласување со законодавството на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…

Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…

Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…