Објавено на:

Страшно злосторство во Германија: Мачеле девојка со часови, па ја фрлиле онесвестена во река, девојчето преживеало

t

Тројца мажи и една жена со часови мачеле и избоделе седумнаесетгодишно девојче, а потоа во несвест го фрлиле во реката Емс во Германија. За среќа, девојчето преживеало.

Тројца мажи се во притвор за обид за убиство, а жена е уапсена за помагање и поттикнување на крајно брутално злосторство и поттикнување на убиство.

„Злосторството е многу грозоморно и сурово. Мотивот засега е непознат. Девојчето имала голема среќа што го преживеала ова злосторство“, изјави во вторникот Александар Ретемајер од јавното обвинителство во Оснабрик.

Злосторството се случило на 27 мај.

Според првата изјава на истражителот, 17-годишната девојка ги познавала четворицата обвинети.

„Според нејзините изјави, обвинетиот неколку часа ја мачел на осамено место каде што ја намамале. На крајот била фрлена врзана и во несвест во студената река Емс“, изјави државниот обвинител Александар Ретемајер.

Местото каде што била малтретирана е напуштен дел од театарот на отворено во Мепен. Како резултат на малтретирањето, тинејџерката се здобила со повреди опасни по живот. Ретемајер се сомнева дека се разбудила од несвест во студената вода и успеала да се спаси „Температурата на водата во реката таа ноќ била 12 степени“, додаде тој.

Според истражителите, претепаната девојка успеала да излезе од реката до брегот. Таа со последните сили се влечела до својата куќа и заѕвонила, а потоа изгубила свест и се струполила на прагот.

Службите за итни случаи примиле повик во 04:12 часот.

Девојчето со повреди опасни по живот е пренесено во болница. Инспекторите соопштија дека животот на девојчето повеќе не е во опасност.

Како што соопштија од полицијата и од државното обвинителство, четворицата обвинети се 24-годишен маж, 27-годишна жена и двајца 19-годишници. Истрагата за точниот редослед на настаните и мотивот на злосторството е во тек.

Полицијата не соопштува никакви информации за нивниот идентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп –…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болните…

Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…