Морталитетот лани намален за 10,1 отсто
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20187 и е намален за 10.1 % во однос на претходната година. Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10640 или 52.7 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во вкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица.
Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец јануари (1976).
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа 43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), со 7.2 %, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…