Најпознатиот американски бренд се враќа на рускиот пазар!

t

Американскиот производител на безалкохолни газирани пијалоци Кока-Кола, компанија која го напушти рускиот пазар во 2022 година, во април оваа година поднесе три апликации за регистрација на своите најпознати брендови „Кока-Кола“, „Фанта“ и „Спрајт“ во Русија годинава.

Рускиот портал Ведомости, кој прв ја објави оваа информација, се повикува на базата на податоци на Федералната служба за интелектуална сопственост на Русија (Роспатент), пренесува РИА Новости.

Во март 2022 година, Кока-Кола објави дека ја прекинува работата во Русија, а производството и продажбата на пијалоци под овој бренд заврши во јуни истата година.

Нашите срца се со луѓето кои ги трпат последиците од трагичните настани во Украина, објави тогаш Кока-Кола на својата веб-страница.

И покрај тоа, производите на Кока-Кола увезени од други земји се уште се достапни во Русија, пренесува ТАСС, кој тврди дека американската компанија сега сака да регистрира дури осум брендови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…