Пропагандистот на Путин ја нарече Србија „последна к*рва“

t

Сергеј Мардан, ултранационалист и еден од водечките пропагандисти на Путин, отворено ја навреди Србија по информациите дека ѝ продала на Украина оружје во вредност од 800 милиони евра.

Тој рече дека гранати во вредност од 800 милиони евра, извезени од Србија на Запад, на крајот биле испукани врз руските позиции во Вулхедар, Бахмут, Работин и други места.

„После ова, Србија ја сметате за братска земја? Ние немаме браќа низ светот, проклети нека се. Србија се однесува како последна к*рва, тоа е неспорно“, рече Мардан.

Претходно Мардан предизвика реакции кога рече дека Русија е империја и дека империите може да бидат само воени држави, а воените држави мора да се борат. Тој рече и дека Русија е опкружена со варвари, што не предизвика добри реакции во Кина.

Financial Times ја објави информацијата дека Србија од почетокот на руската инвазија на Киев индиректно, преку други земји, извезла гранати во Украина во вредност од 800 милиони евра.

Весникот пишува дека Србија дискретно ја зголемува продажбата на муниција на Запад со зајакнување на одбраната на Украина, иако таа е само една од двете европски земји кои не се приклучија на западните санкции против Русија.

Вучиќ потврди дека информациите за вредноста на муницијата се претежно точни, прикажувајќи ја продажбата како деловна можност.

„Ова е дел од нашето економско заживување и важно за нас. Да, ние ја извезуваме нашата муниција. Не можеме да извезуваме во Украина или во Русија, но имаме многу договори со Американците, Шпанците, Чесите и други. Што прават тие потоа со нив, тоа е нивна работа“, рече Вучиќ.

https://x.com/clashreport/status/1805485563102777653

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Сиљановска Давкова: Време е за храбар чекор…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во годишното…

Хрватските газди бараат магационери „под дрво и…

Хрватските газди моментално бараат повеќе од 2.000…

Мојсоска: Дали професорката по уставно право ќе…

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава…

Радост во Скопје ЗОО: Две нови бебиња…

Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека…