Зоран Милановиќ ќе се кандидира за втор претседателски мандат на изборите во Хрватска
Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Пеѓа Грбин, денеска соопшти дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори оваа година. Милановиќ се кандидира за втор мандат на функцијата, пренесува Н1.
Грбин истакна дека партијата гласала Милановиќ да биде нејзин кандидат на претседателските избори, иако немало целосна согласност по ова прашање.
Нема да кажам кој беше против, но оваа одлука беше донесена со големо мнозинство гласови. Тој (Милановиќ) ги споделува нашите вредности и е бариера пред целосното преземање на оваа земја. Верувам дека наскоро ќе следи и поддршка од другите партии, изјави Грбин.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се кандидираше со СДП и за премиер на парламентарните избори во април оваа година, но загуби од премиерот Андреј Пленковиќ и неговата партија Хрватска демократска заедница. Според анкетите на јавното мислење, довербата во Милановиќ опаднала по парламентарните избори и тој повеќе не е најпопуларниот политичар во Хрватска. Првото место сега го зазема премиерот Пленковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…