Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ едно ветуваше, а друго прави сега

t

ВМРО-ДПМНЕ првично вети 5.000 денари линерано покачување на пензиите, а сега слушаме друго, два пати по 2.500 денари, за време од неколку месеци, што е сосема различно од ветеното, истакна пратеничката на СДСМ – Јована Тренчевска, во емисија на телевизија Телма.

Тренчевска нагласи дека се уште не е познато законското решение, како понатаму ќе биде со покачувањето на пензиите, дали ќе остане методологијата за усогласување на пензиите со трошоците на живот и со просечната плата, која доведе до раст на пензиите за над 30% за 2 години и покачување на минималната пензија од 9.000 на речиси 14.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ едно ветуваше и за време на кампања, а друго прави сега, нагласи Тренчевска, додавајќи дека и покрај најавите во нивната програма балансерот не се укинува.

– Сведоци сме минатиот месец на неконзистентни ставови на ВМРО ДПМНЕ. Од никогаш „Северна“, си дадоа заклетва на Република Северна Македонија, од нема да имаме прв вицепремиер до прв вицепремиер, така да гледаме дека ретрираат во своите ставови, нагласи Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…