Сопругот на 32 годишната жена која почина на Клинички: Имаме син 5 години, таа немаше други заболувања

t

Откако 32-годишна жена од тетовско, почина на скопските клиники по влошување на состојбата по операција за вадење камен во бубрег, нејзиниот сопруг бара да ја дознае вистината – зошто завршила со смртен исход.

Во телефонски разговор за Телма објаснува дека по направените првични анализи и лекарските совети, на 19 јуни на Клиниката за Урологија ѝ била направена првата интервенција, а поради крварење била вратена во операциона сала, при што и бил отстранет бубрегот, по што била префрлена на КАРИЛ, каде починала околу 1 часот по полноќ.

– САКАМ ДА ЗНАМ ШТО СЕ СЛУЧИЛО , ЗАТОА ШТО ПРАВЕШЕ АНАЛИЗИ И НЕМАШЕ ДРУГИ ПРОБЛЕМИ. ЈА ЗЕДОА ВО САЛА ВО 12 ЧАСОТ, ДОДЕКА ЧЕКАВ ДА ЈА ПРЕНЕСАТ ВО СОБА, МИ КАЖАА ДЕКА ИМАЛА КРВАРЕЊЕ И ДЕКА ТРЕБА ПОВТОРНО ДА ИНТЕРВЕНИРААТ, ПРИ ШТО МОРАЛО ДА И ГО ИЗВАДАТ БУБРЕГОТ. БИЛА ПРЕФРЛЕНА НА КАРИЛ. ТРЕТПАТ ИНТЕРВЕНИРАЛ И АБДОМИНАЛЕН ХИРУРГ. МИ БЕШЕ ЈАВЕНО ДЕКА СОПРУГАТА ПОЧИНАЛА, ИЗЈАВИ СОПРУГОТ ЗА ТЕЛМА.

Сопругот вели дека ако треба ќе оди и преку правен пат, затоа што сака да ја знае вистината зошто толку се влошила сосојбата и починала.

– МОЖЕ СЕ СЛУЧИЛО КАМЕНОТ ДА ГО ОШТЕТИЛ БУБРЕГОТ, ГО ИЗВАДИЈА БУБРЕГОТ , НО ЛУЃЕ ЖИВЕАТ И СО ЕДЕН БУБРЕГ ИЛИ ОДАТ НА ДИЈАЛИЗА. ШТО ЛИ СЕ СЛУЧИ? ТАА НЕМАШЕ ДРУГИ ЗАБОЛУВАЊА. ИМАМ СИН 5 ГОДИНИ, СО НЕГО СЕ ПОРОДИ НОРМАЛНО, РЕЧЕ ТОЈ.

Резултатите од обдукцијата сопругот се ги уште чека. Добил отпусни писма од двете клиники, во кои е напишано дека по операцијата состојбата и се влошила со пад на притисокот и крварење, по што биле дадени крвни деривати, а поради понатамошно влошување била внесена во сала и бил изваден бубрегот, а потоа била префрлена на КАРИЛ каде и покрај сите преземени мерки настапила смрт.

Од Клиниката за урологија до завршување на прилгот не добивме одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Волонтери на НАСА завршија мисија со симулација…

Волонтери на НАСА кои поминаа повеќе од…

„Сојузот на срамот“ предизвика Национален собир да…

Според водачот на крајно десната партија Национален…

Марин Ле Пен: Нашата победа е само…

Францускиот претседател Емануел Макрон е во „неодржлива“…

Нов земјотрес ја стресе Македонија вечерва: Еве…

Нов земјотрес во Македонија со јачина од…

Политико: НАТО сојузниците загрижени за возраста и…

Дипломатите и светските лидери кои се подготвуваат…