Eпа добро… ЕУ и САД му дадоа поддршка на Судскиот совет
Судскиот совет е важно оружје во арсеналот на оружја што ќе биде потребен за вистинско трансформирање на правосудството во Северна Македонија, во една институцијата што им служи на своите граѓани, ќе ги штити невините и ќе ги казнува оние кои сметаат дека се над законот.
Ова денеска го рече американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер на Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на Европската Унија од страна на Судскиот совет на РСМ, посочувајќи дека Судскиот совет треба да ги следи препораките на Оценската мисија бидејќи, како што рече, веќе е посочено дека довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска.
Ќе се согласите дека останува многу пред вас. Извештајот од Оценската мисија на ЕУ е еден вреден патоказ за реструктурирање на Судскиот совет и повторно поставување на неговата улога во рамките на правосудството“, рече таа.
Според Агелер, Судскиот совет треба да го следи законот и да даде отпор на политичките притисоци, зашто, како што посочи таа, државата има добро изработени закони, а има, како што рече, и искусни обвинители и судии, патувале и имале размени со САД.
„Се поставува прашањето како да почнеме да го надополнуваме оној јаз или недостиг на доверба на оние на кои треба да им служиме. Пораката е јасна и не се менува. Работете ја работата што треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспарентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнеме за да стигнете уште понапред на својот пат“, вели Агелер.
Амбасадорката ѝ честиташе на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева за, како што рече, нејзината заложба изминатиот период за напредокот постигнат од Судскиот совет, базиран врз препораките на Оценксата мисија на ЕУ. Агелер и рече на Дамева дека знае колку напорно работела за спроведување на реформите, како и дека, очекува да се согласат, оти остануваат уште многу предизвици пред Судскиот совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…