Атина и Софија го активираа старото сојузништво по прашањето за Македонија

t

Атина и Софија со здружени сили – на масата во Брисел настапиле со заедничка позиција за Македонија. Откако вчера, Радев и Мицотакис, зад затворени врати, во премиерската резиденција во Атина, ја отворија темата Македонија, денеска бугарскиот технички премиер Главчев, реферирајки на владина седница, потврди дека за прв пат, Грција и Бугарија, заеднички, пред европските лидери, го поставиле македонското досие.

Димитар Главчев, технички премиер на Бугарија – Станува збор за Република Северна Македонија. За прв пат на нашиот став се приклучи и Грција. Колегите рекоа дека не паметат ваков случај Грција да се приклучи на нашата позиција.

Радев вчера не откри дали на средбата со Мицотакис изградиле заедничка позиција кон Македонија, но порача дека новото македонско раководство не го знае меѓународното право.

Тонско Румен Радев претседател на Бугарија – Државното раководство на Република Северна Македонија очигледно не е подготвено. Неопходно е познавање на меѓународното право, што очигледно недостига. Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да се исполни од сите идни влади, а не да се ревидира.

Со скоро пресликана изјава настапи и шефот на грчката дипломатија. На 28-та тркалезна маса на „Економист“ како одговор на прашање за Македонија , Герпатеритис одговори, дека меѓународното право не е селективен процес туку е основата на меѓународната безбедносна архитектура. Коинциденција или договор?

Димитар Николовски Евротинк – Може да е заеднички договор. Тоа е интересно дека доаѓа во овој момент, значи рано во власта на ВМРО ДПМНЕ со премиерот Мицкоски. И интересно е тоа што, кога се зборува со макеоднските граѓани и со гласачите, може да се ветуваат некои одредени креативни решенија и репреговарања на преговарачката рамка, но за ова би рекол дека реалноста не удира во глава.

Софија и Атина ја користат својата позиција на моќ, за да испрата порака до макеоднската власт, вели ЕУ експертот, Малинка Ристевска Јорданова.

Малинка Ристевска Јорданова експерт – Во оваа ситуација и Радев и Мицотакис ја користат својата позиција и наметнуваат нивни толкувања, сила, закана, ги користат нивните врски во Европската Унија , со стратешките партнери, за да ја уплашат новата влада во Македонија која што, знаат, имала поразлични ставови во однос на овие прашања.

Вчера двајцата поранешни грчки премиери и претседатели на владејачката Нова Демократија, Костас Караманлис и Антонис Самарас побараа од Мицотакис, по принципот на Бугарија, да стави вето на секој чекор на Македонија кон европскиот пат но и повлекување од Преспанскиот Договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…