Објавено на:

Мбапе среде ЕП се занимава со политика: Сите на избори, ова е – катастрофа!

t

Главната ѕвезда на француската репрезентација, Килијан Мбапе на прес-конференцијата пред четвртфиналето со Португалија, го кажа и својот политички став.

Во првиот круг од парламентарните избори во Франција, голема предност има екстремната десница која ја предводи Марин Ле Пен, се гледа крајот на Емануел Макрон.

Мбапе им порача на неговите сонародници да гласаат за Макрон, тој смета дека доаѓање на десницата на власт ќе биде лошо за Франција.

„Повеќе од било кога мора да излеземе на избори, не можеме да ја оставиме земјата во рацете на овие луѓе. Неделниот резултат беше катастрофален и се надеваме дека сега луѓето ќе гласаат за вистинската опција. Ние сме генерација која може да направи разлика. Гледаме дека екстремистите тропаат на вратата на моќта и имаме можност да ја обликуваме иднината на нашата земја“, рече Мбапе повикувајќи ги Французите да не гласаат за десницата.

Фокусот на Французинот треба комплетно да е на денешниот меч против Португалија, но тој смета дека она што се случува на политичката сцена во Франција е поважно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ: 8 години…

Скопје денеска одбележува осум години од невремето…

Биткоинот со најголем пад за еден ден…

Пазарите на криптовалути се „олеснија“ за 270…

Светските берзи силно паднаа, тоне ли САД…

Берзите низ Европа и Азија остро паднаа,…

Почина новинарот Саше Димовски

По долги и тешки здравствени компликации, почина…

Амбасадата на САД со порака до Приштина:…

Некоординираните акции на косовската влада ги ставаат…