Објавено на:

Франција спречила два заговори за терористички напад на ОИ

t

Француските безбедносни сили спречија два одделни заговора за терористички напад за време на Олимписките игри, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен.

Според него, полицијата извршила „неколку апсења“ во две одвоени операции.

„Тоа не беше објавено во изминатите денови поради изборната кампања, но ние уапсивме луѓе за кои се сомневаме дека планирале терористички напади“, рече Дарманен во интервју за францускиот информативен канал BFM TV.

Министерот додаде дека терористичката закана во Франција се уште е висока.

Франција е на највисоко ниво на тревога за тероризам од март, по нападот во московската сала „Крокус“ ​​во кој загинаа 145 лица, а одговорноста за нападот ја презеде ИД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Ханиоти: 16-годишно момче од Бугарија…

Голема трагедија го потресе Ханиоти, популарно одморалиште…

Мосад најави дека ќе продолжи со разузнавачки…

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад ќе…

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Иран ја потврди смртта на висок воен…

Израелската војска минатата недела тврдеше дека го…

Запленети над два тона сув цвет од…

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…