Зеленски и Туск потпишаа договор за безбедносни гаранции
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и полскиот премиер Доналд Туск денеска во Варшава потпишаа билатерален договор за безбедносни гаранции.
Како што јави Интерфакс-Украина, потпишаниот договор стана 21-виот документ склучен во областа на безбедноста меѓу Украина и нејзините партнери.
Претходно, Украина веќе имаше потпишано слични договори со САД, Франција, Германија, Канада, Јапонија, Европската унија како институција и други земји. Кабинетот на претседателот Зеленски претходно го информираше Интерфакс-Украина за подготовките за потпишување договори со Ирска, Словенија, Луксембург и Чешка.
Забележано е и дека канцеларијата не исклучува брзо пристапување кон Вилнус декларацијата на „големите седум“ за безбедносни гаранции, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Полска ќе им дозволи на пилотите на…
Полска ќе им дозволи на своите пилоти…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…