Пуштени три ленти на „Богородица“: Се чека половина час за излез од државата
По половина час се чека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон соседна Грција, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија. Во моментов од она што може да се забележи на камерите на ГП „Богородица“, има колони возила на три ленти и очигледно дека се чека некое време за излез од државата.
Поради летните одмори, гужви на овие гранични премини имаше и вчера.
На останатите гранични премини нема поголеми задржувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава воведен е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иконата Богородица -Троеручица пристигнува од Света Гора…
Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета…
Продолжуваат гужвите на „Богородица“ и „Табановце“
И покрај тоа што завршува летната сезона,…
Пуштени три ленти на „Богородица“: Се чека…
По половина час се чека на граничните…
На Табановце и Богородица за влез и…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Еѓипќанец уапсен на „Богородица“
На 25.05.2024 во 10.00 часот на Граничниот…