Доброволно служење воен рок одамна постои, Силјановска нема основно познавање од областите кои се во нејзина надлежност, велат од СДСМ

t

Силјановска Давкова демонстрира целосно непознавање на областите од нејзина надлежност. Дава предлози за некакви консултации околу прашања кои одамна се решени, велат од СДСМ.

„Доволно ќе беше да прочита барем дел на суштинскиот закон кој ја дефинира нејзината надлежност, законот за одбрана, и ќе видеше дека во десетина членови и сега е предвидено доброволно отслужување на воен рок. И тоа е така веќе речиси две децении.

Очигледно претседателката уште еднаш потврдува дека е залутана на позицијата Врховен командант на Армијата“ наведуваат од партијата.

Според Законот за Армија, како што појаснуваат од СДСМ, воената служба на граѓаните се состои од 1) Доброволно служење на воен рок и 2) Служба во резервните сили на Армијата.

„Силјановска Давкова од почетокот на совјата функција докажува дека нема никаков капацитет да биде Врховен командант на македонската Армија, прекршува протоколи и не ги познава законите. Очигледно нема ниту Кабинет кој знае да и укаже на ваквите елементарни непознавања“ порачаа од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…

Петров: Изборот на Филипче за претседател на…

Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…