(Видео) Кавадарци во делириум: Тиквеш за 15 минути постигна три гола и – победи за историја!
Тимот на Тиквеш со голем пресврт во второто полувреме успеа да слави победа над исландски Бреидаблик од 3:2.
Започнаа добро избраниците на Ѓорѓи Мојсов уште во третата минута имаа одлична прилика по една контра, но ударот заврши над голот на гостите. Веќе во 10. минута Тиквеш пропушту уште една добра прилика да го отвори резултатот.
По тие две промашени прилики на спротивната страна стигна казната Елинардсон во 13. минута го совлада голманот Тасев и донесе предност за Бреидаблик.
Продолжи Тиквеш да напаѓа и по примениот гол, повторно гледавме иницијатива на македонскиот претставник, но Бреидаблик од својата втора шанса дојде и до втор гол за водство од 2:0 со кое и замина на полувемето.
Вториот дел започна без прилики, Бреидаблик почна да се затвора и да се повлекува, а Тиквеш и тоа како знаеше да го казни со фуриозен финиш. Се започна со голот на Кристијан Стојкоски по асистенцијата на Спахиу во 74. минута. Само шест минути подоцна следуваше мала мајсторија на Стојанов од слободен удар, а веќе во 83. минута Бразилецот Лео Гуера погоди за комплетен пресврт.
Со овие 3:2 сега Тиквеш има солиден резултат пред реваншот на гостински терен за седум дена.
Фото: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓани нудат куќи и имот како гаранција…
Граѓани од различни делови на земјава преку…
Муцунски не разговарал за положување цвеќе пред…
Министерот за надворешни работи , Тимчо Муцунски,…
Тошковски нареди внатрешна контрола за случајот со…
По објавите во дел од медиумите дека…
Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје,…
Пристигна првата испорака – 3.300 нови контејнери…
Невреме со пороен дожд и засилен ветер,…
Променливо облачно време со повремени врнежи од…