Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата за влез во градот
Како што најавуваат градските власти на Венеција, таксата за влез во градот треба да се зголеми од пет на десет евра. Микеле Зуин, функционер за финансии во градот, истакна дека набрзо ќе заврши пробниот период на наплата, кој овој град го воведе како прв во светот.
Венеција стана првиот град во светот кој воведе систем за влезни такси за туристите, во обид да се намали гужвата што се создава за време на шпицот на туристичката сезона и за време на празниците.
Покрај воведувањето влезна такса, градот исто така забрани влез на големи бродови за крстарење во венецијанската лагуна и најави нови ограничувања за големината на туристичките групи, пренесува Данас, повикувајќи се на РТЦГ.
Посетите на Венеција сè уште се рекордно високи, со околу 20 милиони луѓе што го посетуваат градот годишно.
Венеција едвај избегна да биде ставена на листата на УНЕСКО на Светско наследство во опасност минатата година, делумно затоа што телото на ОН ги препозна напорите на градот да го спречи деликатниот екосистем на Венеција да биде обземен од масовен туризам.
Едномесечниот пробен период на влезните такси му донесе на градот повеќе од два милиони евра.
Симоне Вентурини, градскиот советник одговорен за туризам, истакна дека проектот за наплата дал позитивни резултати и дека цената на билетот за влез во Венеција се очекува да се зголеми на почетокот на 2025 година. Сепак, наплатата за влез во градот не ја намали гужвата на улиците на Венеција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…
Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…
КФОР им додели медали на војници од…
Свечена церемонија за доделување медали на војници…
(ФОТО) Италија воодушевена од акцијата на припадник…
Италијанските карабинери објавија информации за херојскиот потфат…
Од 2 мај наплата за влез со…
Наплата за влез на моторни возила во…
Тага во Италија по смртта на папата:…
По веста за смртта на папата Франциско,…