Глобалниот хаос кој настана во компјутерското работење е поради една компанија: Еве кој е главниот виновник и зошто
Глобалниот хаос го предизвика проблеми во компјутерското работење ширум светот, во најразлични дејности, а „виновник“ за тоа е компанијата „Crowdstrike“.
Што точно е „Crowdstrike“ и како ги збрка институциите ширум светот?
„Crowdstrike“ е компанија за сајбер безбедност основана во 2011 година, со цел да ги заштити најголемите светски компании од сајбер закани и други пропусти.
Тие се специјализирани за безбедносна заштита на крајните корисници и спречување на малициозен софтвер кој може да ги напаѓа корпоративните мрежи од уредите што се поврзуваат со нив, како што се телефони и лаптопи.
Меѓу нивните главни клиенти се глобалните инвестициски банки, универзитетите и како што можеме да видиме, многу од светските аеродроми, односно нивните системи.
Еден од главните производи на компанијата е „CrowdStrike Falcon“, кој на официјалната веб-страница е опишан како систем кој „обезбедува индикатори за напади во реално време, хипер-прецизно откривање и автоматска заштита“ од можни сајбер закани.
CrowdStrike Falcon се користи од илјадници компании ширум светот за заштита на податоците, а претходно оваа недела беше најавено дека ќе се ажурира за да добие „невидена брзина и точност“ кога станува збор за откривање на малициозен софтвер.
Поради тоа ажурирање, многу компании кои се потпираат на работа на компјутер и имаат „Windows“ систем не се способни да работат. Авионите низ САД и Австралија, а и дел од Европа се приземјени. Во неволја се и банките и продавниците, пишува „The Guardian“.
„Истражуваме проблем што влијае на способноста на корисниците да пристапат до различни апликации и услуги на ‘Microsoft 365’ “, изјавија од Мајкрософт.
Американската авиокомпанија „Frontier Airlines“ накратко ги прекина сите летови вчера поради голем прекин во функционирањето на Мајкрософт.
Во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата „Crowdstrike“, се вели дека најверојатно проблемот со ажурирањето на системот „Falcon“ е она што ги предизвикало светските проблеми.
Инаку, промените воведени со ажурирањето оттогаш се сменети, а на компаниите што го користат софтверот им е испратен предлог за потенцијално решение.
Во најновата изјава на Мајкрософт се вели дека се „свесни за проблемот што влијае на уредите со ‘Windows’ поради ажурирања од софтверска платформа од трета страна“.
„Очекуваме да се постигне резолуција“, изјави портпаролот на Мајкрософт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…