Песков: Приоритет ни е остварување на целите во Украина, а не резултатите од изборите во САД
Постигнувањето на целите во војната во Украина, а не резултатите од изборите во САД се приоритети на Руската Федерација, соопштија денеска од Кремљ по информацијата дека актуелниот американски претседател Џозеф Бајден се повлекува од изборна трка за втор мандат.
Наш приоритет е да ги постигнеме целите на специјалната воена операција, а не се резултатите од американските избори, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.
Според него, потребно да се следи што ќе се случува понатаму за време на предизборната кампања во Соединетите Американски Држави.
До изборите остануваат уште четири месеци, а тоа е многу време, во текот на кое многу работи можат да се променат. Треба да внимаваме и да следиме што ќе се случува понатаму – изјави Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…