Апасиев: Наместо да го прочешлаат “поклонот” на Јанушот тие бараат дипломатски пасоши!?
Во новиот анкетен лист на Игор Јанушев како генерален секретар на Владата, доставен до Државната комисија за спречување на корупција, е внесено дека поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ добил градежно земјиште на подарок во вредност од околу 325.000 евра.
Новиот секретар во владата на Мицкоски, минатата година во септември беше неправосилно осуден на две години затвор условно за пропусти при набавката на автобуси во случајот на поранешното СЈО познат како „Дизајн“. Јанушев беше директор на ЈСП во 2010 година кога беше направена набавката на двокатните автобуси. Сепак, пресудата немаше никакво значење, бидејќи еден ден претходно Собранието го избриша ставот 5 од членот 353 од Кривичниот законик според кој беше осуден Јанушев.
На оваа тема се огласи и лидетор на Левица – Димитар Апасиев, кој го отвори прашањето зошто антикорупциската комисија (ДКСК) не отопчне процес за да се утведи како ни од кого овиот владин секретар добил ваков „подарок“:
Наместо да го прочешлаат “поклонот” на Јанушот од 325.000 ЕУР, они бараат дипломатски пасоши!? – напиша кратко Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…