Објавено на:

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19

t

Институтот за јавно здравје на Косово (ИКШПК) соопшти дека од 10 до 23 јули се регистрирани 19 позитивни случаи на Ковид-19 во Косово, при што нема пријавено ниту еден случај со смртни последивци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од ИКШПК соопштија дека најголем број случаи, четири, се регистрирани кај возрасната група од 30 до 39 години, меѓутоа забележано е дека има позитивни случаи и кај децата.

– На 5 мај 2023 година, СЗО го прогласи крајот на Ковид-19 како глобална здравствена вонредна состојба. Сепак, различни земји во светот и на европскиот континент неодамна регистрираа нови случаи на Ковид-19, иако нивниот интензитет не одразува зголемување на хоспитализирањата или други значителни здравствени оптоварувања. Како мерка на претпазливост, здравствените власти препорачуваат практикување превентивни мерки како наједноставен начин за намалување на здравствените ризици од Ковид-19, вклучувајќи инфекција, тешка болест, хоспитализација, или дури и смрт.

Во Косово во двонеделниот период од 10 до 23 јули се пријавени 19 позитивни случаи и ниту еден смртен случај со Ковид-19. Случаите припаѓаат на возрасните групи од 0-9 до 70-79 години, при што кај возрасната група 30-39 години, како најпогодена група, има 4 случаи, соопшти ИКШПК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп –…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болните…

Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…